Денови на проектен менаџмент (Days of Project Management) е бесплатен курс кој
преку стручни предавања и сесии за меки вештини, ги запознава студентите со основите
на проектниот менаџмент.
Првото издание на Days of Project Management ќе се одржи целосно online, преку Zoom
во периодот од 05.07.2021 до 09.07.2021.
Апликациите се отворени за секој студент кој е заинтересиран за проектниот менаџмент и
сака за првпат да се запознае со истиот.
Пријавете се сами или со пријател и бидете дел од интерактивни предавања одржани од
професори од два факултети и стручни лица од македонскиот институт за проектен менаџмент.
Покрај стручните предавања, ќе имате можност да бидете дел од сесии за меки вештини кои целат
да помогнат во развојот на вашата кариера, без разлика на индустријата во која специјализирате.
Предавачите кои ќе бидат дел од Days of Project Management се:
• проф. д-р Радмил Поленаковиќ од Машински Факултет;
• проф. д-р Атанас Кочов од Машински Факултет;
• проф. д-р Валентина Жилеска - Панчовска од Градежен Факулет;
• Претставници од ПМИ Македонија (Project Management Institute);
По овој 5 дневен курс ќе добиете сертификат кој го потврдува вашето знаење за проектниот менаџмент.
Со овој сертификат како дел од вашето CV, идните работодавци ќе знаат дека вие сте личност која има желба
да се надоградува.
Со цел да се обрне целосно внимание на секој студент на курсот, бројот на учесници е
ограничен.
Линк до Facebook настан: Days of Project Management | Facebook
• Стекнете желба за развој и напредување.
• Научете ги основите на проектниот менаџемент.
• Изградете го вашиот сет на меки вештини.
• Збогатете го вашето CV.
• Добијте нови искуства и знаења.
• Добијте сертификат кој го обележува вашиот интерес во проектниот менаџмент.